Кори Џозеф, сепак, ќе игра на Светското првенство во Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај првите информации дека плејмејкерот на Сакраменто кингс, Кори Џозеф нема да настапи за Канада на претстојното Светско првенство во Кина, очигледно тој ќе заигра за нивната екипа.

Џозеф ги помина подготовките во канадската репрезентација, а играше и пред две недели во подготовителен меч против Нигерија.

Кошаркарот има 28 години, а во досегашната кариера настапуваше за Сан Антонио, Торонто и Индијана, по што летово се пресели во Сакраменто.

Џозеф во претходните години беше редовен на натпреварувањата кои ги играше Канада, а во 2015 година на квалификациски турнир на ФИБА Америка беше и капитен на репрезентацијата.