„Кориере дело Спорт“: Манџукиќ бира меѓу два европски гиганти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нападот на Јувентус има премногу фудбалери и италијанскиот шампион сака да се ослободи од неколку напаѓачи летово.

Италијанските медиуми пишуваат дека Марио Манџукиќ е пред заминување од Јувентус. Италијанскиот шампион сака да заштеди на неговата плата, а верува и дека може да добие меѓу 10 и 12 милиони евра за 33-годишниот напаѓач.

„Кориере дело спорт“ објави дека за хрватскиот напаѓач и понатаму е заинтересирана Борусија Дортмунд.

Минатиот месец Манџукиќ одби трансфер во Дортмунд со надеж дека ќе добие повик од поголем клуб, а во меѓувреме му пропадна трансфер во Манчестер јунајтед.

Покрај Борусија, за услугите на Манџукиќ е заинтересиран и ПСЖ, но Хрватот нема преголем интерес да се пресели во францускиот шампион.