Короната го „покоси“ и ПСЖ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Анхел Ди Марија и Леандро Паредес најверојатно се заразени со корона вирусот, пренесуваат француските медиуми.

Актуелниот француски шампион ПСЖ синоќа ја информираше јавноста дека двајцата играчи се „осомничени дека биле заразени со корона вирусот“.

Неофицијално, станува збор за Ди Марија и Паредес и тие веќе се предмет на соодветен здравствен протокол, а вирусот корона најверојатно е од нивните одмори на Ибица.

По последниот натпревар од Лигата на шампионите, двајцата фудбалери заминаа на одмор заедно, а проблем е што се дружеа со Икарди, Херера, Верати, Навас и Нејмар на Ибица.

Сите овие играчи треба да бидат тестирани денес, а според протоколот за Ковид-19 на францускиот шампионат, во случај тимот да има четири или повеќе позитива, натпреварите можат да се одложат.

Така, дуелите на ПСЖ против Ленс и Марсеј се во прашање, а наводно оваа информација предизвикала превирања во клубот.

“Веста предизвика превирања и негодувања во клубот. Од почетокот на одморите, играчите објавија фотографии на социјалните мрежи каде може да се види дека не ги следеле препорачаните мерки”, пишува Ле Паризиен.