Кошаркар кој бил на проба во Партизан призна дека ја убил својата девојка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар во НБА-лигата, Ченс Команче ѝ призна на полицијата каква улога имал во убиството на 23-годишната Марајна Роџерс.

Команче низ развојната лига избори место во Сакраменто кингс, а во полиција ги раскажал сите детали за планот за убиството на Марајна.

Роџерс наводно имала проблем со неговата сегашна девојка Сакари Харнден поради часовник „Ролекс“ и поради тоа решиле да ја убијат.

Харнден ја задавила Роџерс со голи раце, по што го однеле нејзиното тело во пустина и го закопале.