Косовците бараа оставка од селекторот, па добија брутално искрен одговор од Шаландес!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Косово во полуфиналето на баражот за пласман на Европското првенство загуби од Македонија со 1-2 во Скопје, а косовците веднаш побараа оставка од селекторот Бернард Шаландес.

Шаландес им одговори дека Косово не е Франција и Германија, како и дека не му паѓа на памет да поднесе оставка.

„Тренерот секогаш ја преземе одговорноста, па тоа значи дека јас сум одговорен. Дали ќе дадам оставка? Зошто? Игравме лошо против Грција и Македонија, но треба да разберете дека не сме Германија и Франција. Не поднесувам оставка зашто припаѓам на оваа земја. Македонија е добар противник и треба да прифатиме пораз“, кажа Шаландес.