Коста во свој стил за Суарез: Кога ме немаше, не постигнуваше голови ко*илево!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Расположението беше одлично во екипата на Атлетико Мадрид по победата против Елче од 3-1, во кој во листата на стрелци се запишаа двајца искусни напаѓачи Луис Суарез и Диего Коста.

Коста во 80. минута со гол ја потврди победата од 3-1, а по мечот даде интересна изјава на сметка на Суарез.

„Кога ме немаше, не постигнуваше голови копилето. Сега се вратив и постигна два гола“, се пошегува Суарез на сметка на неговиот соиграч.

Атлетико по победата против Елче остана на врвот на табелата со три бодови повеќе од Реал Сосиедад и Реал Мадрид. Ова беше деветта победа за избраниците на тренерот Диего Симеоне во стартните 14 кола во најсилниот шпански шампионат.