Ковач има интересен план: На четири засилувања ќе потроши – 200 милиони евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германските медиуми ја открија листата на фудбалери по кои Баерн Минхен ќе тргне следното лето. Целта на Баварците е да се вклучат во борба за трофејот во Лигата на шампиони и тоа планира да го направи со најдобрите германски фудбалери.

Листата ја предводи Тимо Вернер, напаѓачот на Лајпциг, кој Баварците ќе го донесат како слободен фудбалер, откако тој го одби новиот договор на неговиот тим.

На ист начин се обидува Баерн да го ангажира капитенот на Шалке, Александер Нубел, во кој тренерот Нико Ковач гледа наследник на Мануел Ноер.

Германскиот шампион подготви и 100 милиони евра за Каи Хаверц, најголемиот германски талент, кој лани во Бундеслигата постигна 17 гола.

Четвртиот фудбалер, кој Баерн ќе го ангажира е Лирој Сане, за кој планираат да му платат 100 милиони евра на Манчестер сити.