Ковач се огласи по катастрофалниот пораз: Мојата иднина? –Не знам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач даде изјава по катастрофалниот пораз од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.

Баерн Минхен доживеа тешка бламажа, а јасно е дека Нико Ковач ќе биде на удар по лошиот старт на сезоната.

„Мојата иднина. Не знам, вие знаете подобро. Како треба нешто да знам по ваков натпревар? Не е важно како се чувствувам, ќе одлучат тие кои се за тоа се задолжени. Не мора тоа да го споделувам со вас. Што сакате да чуете од мене? “- изјави Нико Ковач.