Крадци го претепале Обамејанг во неговиот дом!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг синоќа бил претепан од страна на крадци во својот дом во предградието на каталонската престолнина.

Крадците го ограбиле, но исто така и го претепале, а според извештајот на полицијата тие имале огнено оружје и метални прачки.

Откако ги украле работата и го истепале напаѓачот на Барселона тие избегале со работи со голема материјална вредност, а меѓу нив и скапоцени камења, по што била повикана полицијата.

Ова не е ретко во фудбалскиот свет, па претходно и други фудбалери имаа слични проблеми и беа напаѓани или ограбувани за време на нивните настапи.