Крадците му ја скршиле вилицата на Обамејанг – пропаѓа трансферот во Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг мора да паузира еден месец, откако заработил сериозна повреда за време на грабежот во неговиот дом.

Обамејанг бил нападнат од неколку крадци, кои со метални шипки го истепале, а притоа му била скршена вилицата.

Шпанските медиуми пишуваат дека фудбалерот од Габон ќе мора да паузира еден месец поради повредата, а тоа најверојатно ќе му го уништи трансферот во Челси.

Повредата доаѓа во навистина лош момент за фудбалерот, кој дефинитивно нема да биде прв избор во Барселона бидејќи Роберт Левандовски е недопирлив.