Крај на најдолгата сага: Италијански клуб на крајот е тој кој ќе ризикува со Балотели


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека е готова најдолгата сага кога се во прашање трансферите во ова лето.

Некогаш најталентираниот фудбалер на светот кој за шест години кариера ги посети гигантите како Милан, Ливерпул, Интер и Манчестер Сити, Марио Балотели, ќе игра од наредната сезона во Палермо.

Италијанскиот напаѓач најмногу поради својот карактер остана без одлична кариера и не го „наплати“ својот огромен потенцијал со кој располага, и во ова лето никој од европските клубови не сакаше да го доведе.

Сепак, еден италијански прволигаш се одлучи да ризикува и да го доведе, а тоа е Палермо.

Сицилијанскиот клуб го договори неговиот трансфер, а спортскиот директор Даниеле Фагиано го истакна следното:

„Работиме да го завршиме тој трансфер и ќе видиме како ќе излезе на крајот. Палермо е идеален клуб за него и свесни сме дека е во прашње роден шампион. Ако стане сериозен, ќе биде страв и трепет повторно“.