Крај на проклетството: Ферстапен победи во Бахреин, Алонсо стигна до подиум


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен триумфираше на трката за Големата награда на Бахреин со која почна шампионатот во Формула 1.

Актуелниот првак стигна до првата победа во Бахреин, откако во претходните осум трки дури пет пати мораше предвреме да ја заврши трката.

Холанѓанецот зад себе ги остави тимскиот колега Серхио Перез и неверојатниот возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо.

По нив следеше Карлос Саинц од Ферари, додека вториот возач Шарл Леклер мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со моторот.