„Кралот“ Џејмс ги изненади сите: Размислувам за пензија!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс загуби со 0-4 од Денвер нагетс во финалето на Западната конференција, а потоа Леброн Џејмс кажа дека размислува за пензија.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата ги изненади сите со неговата изјава за тоа дали размислува да продолжи да игра.

„Не знам што ќе биде. Имам многу за размислување. Оваа сезона беше добра, но не знам. Не можам ништо да кажам. Дали ќе заминам од НБА? Сè уште размислувам за тоа“, кажа Џејмс.