Кристал Палас го избрка Патрик Виера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Патрик Виера заработи отказ од Кристал Палас по лошите резултати на екипата од Лондон во Премиерлигата.

Кристал Палас се наоѓа на 12. место, но има само три бодови над опасната зона и затоа претседателот Стив Периш реши да го промени тренерот.

„Одлуката ја носиме со тешко срце, но резултатите во изминатите месеци не беа добри и поради тоа мораше да донесеме ваква одлука“, објави Периш.

Оваа промена на клупата на Кристал Палас доаѓа пред мечот против Арсенал, кој се игра в недела, а наследникот на Виера ќе биде познат по репрезентативната пауза.