ГРК Тиквеш и тренерот Кристијан Грчевски ја прекинаа соработката, откако стручњакот одлучи да се повлече од клупата на кавадаречкиот суперлигаш, соопштија од клубот.
Според соопштението, одлуката е донесена на заеднички состанок на раководството на клубот, Надзорниот одбор, стручниот штаб и ракометарите од првиот тим. Управниот одбор ја прифатил одлуката на Грчевски.
Од Тиквеш наведуваат дека во наредниот период ќе бидат завршени сите формални постапки во согласност со договорот и клупските акти.
Кавадарчани сега треба да најдат ново решение за тренерската позиција, а засега не е познато кој ќе ја води екипата во продолжението на сезоната во Суперлигата.
Грчевски во минатото беше и селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, која ја предводеше и на Европското првенство во 2024 година.
















