Кристијано Роналдо ги растажи фановите: „Не знам што ќе биде за година или две…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо даде интервју за англиските медиуми во кое најави дека наскоро е можно да оди во пензија.

Роналдо веќе 10 години е еден од најдобрите фудбалери во светот, а во февруари 2020. година ќе наполни 35 години што значи дека полека навлегува во финишот на својата кариера.

Меѓутоа, Португалецот сеуште се грижи за своето тело и многумина сметаат дека тој може да остане на сцената уште најмалку пет години. Сепак, очигледно е дека Роналдо има други планови кога е во прашање заминувањето во пензија.

Роналдо објасни дека веќе е влезен во светот на бизнисот и надвор од својата фудбалска кариера и дека целта му е да се занимава со друга работа кога ќе ги закачи копачките на клинот.

„Не сум луд, не сум опседнат со тренинзите, успехот и фудбалот. Јас сум многу поразличен од она што го мислат другите за мене. Сеуште го сакам фудбалот и сакам да ги забавувам навивачите кои го сакаат Кристијано. Годините не се вазжни, важен е менталитетот. Претходните пет години започнав да размислувам на тоа да се видам себеси надвор од фудбалот и заради тоа не знам што ќе биде во наредната година или две“, рече Роналдо.

Роналдо потпиша доживотен договор со Најк пред три години вреден дури една милијарда долари. После Џордан и Џејмс тој стана третиот спортист кој успеа да се осигура до крајот на својот живот.

„Не сакам никој да го имитирам. Морате да бидете тоа што сте. Но факт е дека сите големи спортисти имаат слична работна етика. Не е битно дали се во фудбалот, кошарката, Формула 1, УФЦ и сл.“, додаде Португалецот.