Кризата не му ја скрати платата: Чеферин лани си земал 2,2 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александер Чеферин ги напаѓаше европските гиганти кои сакаа да создадат Суперлига за да ги намалат финансиските загуби, а тој и самиот си земал огромни пари.

Пандемијата на ковид-19 направи голема криза во светот на фудбалот, но тоа не влијаело на платата на првиот човек на УЕФА, кој си заработил неверојатни 2,2 милиони евра.

Интересно е тоа што во време на криза, Чеферин земал повеќе пари од претходната година, кога имаше плата од 1,7 милиони евра.

Оваа информација до некаде дава и јасна слика зошто европските тимови сакаа да си направат свое натпреварување, кое нема да зависи од УЕФА, иако тие им се заканија веднаш со суспензии.