Крос испрати порака по последниот настап во кариерата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос ја заврши кариерата во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) каде што неговата репрезентација беше елиминирана од Шпанија со 1-2.

Крос по крајот на кариерата испрати порака до германските навивачи, но и до фудбалерот на Шпанија, Педри кој се здоби со повреда по бруталниот старт на Германецот.

„Горд сум на тоа што го постигна овој тим. Треба да биде горда цела Германија. Ви се заблагодарувам за поддршката во последните неколку недели. Воедно, Педри извини и оздрави што побрзо“, напиша Крос.