Кулушевски е во Торино – ги помина медицинските прегледи и ќе потпише за Јувентус! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека Дејан Кулушевски ќе помине медицински прегледи, а потоа и ќе потпише договор со Јувентус.

За услугите на талентираниот фудбалер на Аталанта беа заинтересирани неколку клубови, но Јувентус беше најконкретен во намерата да го откупи.

Се појави снимка од несудениот македонски репрезентативец Кулушевски во хотелот во Торино, по што беа направени медицинските прегледи, а потоа напаѓачот ќе потпише повеќегодишен договор со италијанскиот шампион.

Се шпекулира дека ќе потпише договор до 2024 година, а Аталанта од неговиот трансфер ќе заработи околу 35-40 милиони евра.