Кулушевски меѓу 20-те најдобри за наградата „Златно момче“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот медиум „Тутоспорт“ објави листа од 20 фудбалери кои ќе се борат годинава за наградата „Златно момче“.

Оваа награда ја добива најдобриот млад фудбалер, а минатата година ја освои Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

Годинава има многу звучни имиња, како што се Ерлинг Халанд, Ансу Фати, Винисиус Жуниор, Џејдон Санчо, а меѓу најдобрите 20 го има и шведскиот репрезентативец со македонски корени, Дејан Кулушевски.