Куман даде „чудна“ изјава за црвениот картон на Меси и налути дел од навивачите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона синоќа загуби во финалето на Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, и тоа по продолженија. Каталонците ги разочараа навивачите, а Лионел Меси доби и црвен картон.

Меси очигледно беше нервозен, а тоа ескалираше во 120. минута од натпреварот. Тоа беше негов трет црвен картон во кариерата, а тренерот на Барселона застана во одбрана на својата најголема ѕвезда.

„Можам да разберам што направи Меси. Не знам колку пати направија прекршок врз него, но нормално е така да реагира, кога и понатаму се обидуваа да направат прекршок врз вас. Морам тоа да го погледнам повторно“, кажа Куман, а сигурно навивачите нема да бидат задоволни со оваа изјава.