Куман дозна одлични вести на два дена пред мечот против ПСЖ

Фудбалерите на Барселона во вторник играат на домашен терен против ПСЖ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Каталонскиот клуб е во добро расположение и го дочекува мечот против парижаните, а сигурно навивачите ќе уживаат во возбудлив фудбал.

Роналд Куман во последно време имаше многу проблеми со повредени фудбалери, а посебно тоа се однесува на дефанзивната линија.

Меѓутоа, пред мечот против ПСЖ, Куман доби одлични вести затоа што со првиот тим тренираше Жерар Пике, кој најверојатно ќе биде во конкуренција а натпреварот.

Пике би можел да се врати во одбраната на Барселона и така да ја врати самодовербата и цврстината во дефанзивата, која очигледно недостигаше во претходниот период.