Куман едвај чекаше да го продаде Луис Суарез, но не само него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман ги чисти соблекувалната.

Големите sвезди кои беа незаменлив дел од тимот на Камп Ноу во последните години го напуштија клубот, па жители на каталонскиот град повеќе не се Луис Суарез, Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Нелсон Семедо.

Суарез е последниот во редот што си замина. Тој денес официјално ќе се збогува со клубот и ќе си замине, а токму Куман беше тој кој постојано вршеше притисок врз Уругваецот да биде продаден.

Куман не го гледал во неговите планови. Иако во еден момент ја „смени плочата“ и најави дека Луис ќе биде дел од тимот, „Мундо Депортиво“ тврди дека холандскиот стручњак направил се за да го продаде напаѓачот и на крајот тоа му успеа.

Тој успеа да го присили неговото заминување, а пред тоа го стори истото со Ракитиќ, Видал и Семедо. Единствениот кој преживеал досега е Самуел Умитити, но судејќи според признанијата на поранешните фудбалери, кои ги водеше Куман, Французинот нема да игра премногу со него.