Куман ги уништувал ѕвездите на Барселона: Ги понижувал пред сите, а само еден немал проблеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналд Куман и фудбалерите на Барселона дефинитивно немале разбирање едни за други, а сега се појавија нови детали од соблекувалната на каталонскиот гигант.

Сержињо Дест не е во плановите на Чави, а „Спорт“ пишува дека Американецот сериозно е вознемирен поради статусот кој го имаше кај поранешниот тренер Роналд Куман.

Каталонските медиуми пишуваат дека Дест има проблеми со самодовербата поради тоа што Холанѓанецот често го критикувал пред останатите играчи, а тоа влијаело на неговата психичка состојба.

„Загубил желба за фудбал. Имаше работи кои Куман не ги разбираше и често ги понижуваше соиграчите и мене. Го прашав за неговиот статус, а тој ме излажа. Зборуваше некои работи кои немаат смисла“, вели Жуниор Фирпо.