Куман: Имаше пенал за нас, не ми е јасно зошто не реагираше ВАР-системот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона загуби во Мадрид од Реал со 1-2 и така се одалечи од титулата, иако уште ништо не е загубено.

Каталонскиот тим лошо играше во првите 45 минути, па се обиде да се врати во второто полувреме, но не можеше, а тренерот Роналд Куман е разочаран од судиските одлуки.

„Не сакам да кажам дека загубивме поради судиите, зашто не бевме доволно добри во првото полувреме. Не разбирам како помошниот судија не виде пенал за нас и зошто ВАР не реагираше. Судијата не може да види, но постои ВАР за такви ситуации“, вели Куман.

Куман исто така се пожали поради тоа што судијата го продолжил мечот за само четири минути, иако смета дека требало да има поголемо надополнување.