Куман ја урна лошата традиција: Барселона по шест години славеше во Виго!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа на гостински терен ја победија Селта виго со 3-0 во мечот од четвртото коло од шпанската Ла Лига.

Барселона успеа на незгодното гостување да ја урне лошата традиција, иако играа без Ленгле од 42. минута, откако тој доби црвен картон.

Роналд Куман го пронајде лекот за три бода на гостувањето во Виго, а во тоа му помогнаа Ансу Фати, Лионел Меси и Серхи Роберто.