Куман направи чудна промена пред мечот со Реал Мадрид во „Ел Класико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона денеска од 16 часот ја пречекува екипата на Реал Мадрид во големото шпанско дерби во Ла Лига.

Мечот почнува многу порано од очекуваното, односно во 16 часот, што е доста необичен термин за дерби.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман поради терминот на натпреварот направил неколку промени во рутината на фудбалерите.

Куман кога пристигна во Барселона воведе утрински тренинг пред мечот, при што се откриваше тактиката и составот за мечот, но такво нешто не се случи денеска.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Куман утрово им пишал порака на играчите дека од тренингот нема да има ништо, бидејќи нема да имаат доволно време за се. Проблем е и што играчите се должни се да направат дома според Ковид протоколот и на натпреварот да дојдат спремни најдоцна еден час пред почетокот на мечот.