Куман по дебаклот во Лисабон: Тежок пораз, но не ја прикажува реалната слика на теренот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона доживеа тежок пораз во Лисабон од Бенфика со 0-3, а навивачите на каталонскиот тим побараа од раководството отказ за тренерот Роналд Куман.

Фудаблерите по мечот му дадоа поддршка на тренерот и сметаат дека негов отказ нема ништо да промени, а Куман знае дека ја има нивната поддршка.

„Чувствувам голема поддршка од играчите. Сите знаат што е проблемот на Барселона. Нема да повторувам дека ова не е истата екипа како минатата сезона. Овој пораз е тежок, но не ја покажува вистинската слика на теренот. Игравме добро до 0-2 и мора да бидеме подобри во одбрана“, вели Куман.

Барселона има два порази по две кола во елитното натпреварување и се наоѓа на последната позиција во нивната група.