Куман по дуелот со Јувентус имаше „посебен момент“ со Меси ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона славеше со 2-0 во Торино против Јувентус во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Во листата на стрелци се запишаа Осман Дембеле и Лионел Меси, а тренерот Роналд Куман имаше и „посебен момент“ со најголемата ѕвезда на тимот.

Холанѓанецот го прегрна Меси и му зборуваше нешто по натпреварот, а потоа на прес-конференцијата откри и што му кажал.

„Нашиот однос никогаш не беше комплициран. Единствена работа која му ја кажав по мечот беше дека требаше порано да го решиме мечот во наша корист“, откри Куман.