Куман се брани од нападите на Суарез: Можеше да остане, но сам реши да замине!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Роналд Куман му кажа на Луис Суарез дека ќе биде најдобро да си замине од каталонскиот гигант и да си ја бара среќата на друго место, по што Уругваецот се пресели во Атлетико Мадрид.

Суарез, наводно, сакаше да остане во Барселона, откако пропадна неговиот трансфер во Јувентус, но сепак на крајот реши да го засили гигантот од Мадрид.

Во медиумите се појавија шпекулации дека Куман го избркал, по што тренерот на каталонскиот тим реши да одговори

„Тешко му беше да ја прифати мојата одлука, но јас немав проблем со него. Тренираше навистна добро, на крајот сам реши да замине. Јас му кажав дека ако остане ќе биде како секој друг играч, еден плус. Moжеше да ми докаже дека не сум во право, но замина“, кажа Куман.