Куман: Шансите се еднакви за двете екипи, нема разлика меѓу Холандија и Англија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холандија вечерва од 21 часот ќе се соочи против Англија во второто полуфинале на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Холанѓаните имаа одлични настапи, но сега пред нив е голем предизвик, иако селекторот Роналд Куман вели дека имаат ист квалитет како и нивниот ривал.

„Нема разлика меѓу тимовите, шансите се еднакви за двете екипи. Ќе ни биде потребен совршен настап за да славиме. Знаеме дека имаат квалитетни фудбалери, но ние сме силни и очекуваме сериозна битка“, кажа Куман.