Куман си најде изговор: Овде ви даваат црвени картони без причина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона продолжи со лошите резултати и на мечот со Кадиз во петтото коло од Ла Лига, откако освои само бод, а остана без важен фудбалер и тренерот.

Црвени картони добија Френки де Јонг и Роналд Куман, па така нема да бидат дел од мечот против Леванте.

Тренерот на Барселона доби црвен картон во судиското надополнување, а по мечот беше огорчен од потегот на судијата.

„Го добив незаслужено. Не сум се карал со никого, само му кажав на помошникот дека натпреварот треба да се запре затоа што има две топки на теренот. Тоа го видоа сите освен судиите. Во оваа земја ви даваат црвени картони без причина“, се пожали Куман.