Куман со нова изјава за Лео Меси потврди дали ќе смета на Аргентинецот во новата сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Роналд Куман уште еднаш потврди дека сериозно ќе смета на Лионел Меси и покрај тоа што Аргентинецот јавно побара да си оди од Барселона.

Меси веќе неколку денови тренира со првиот тим откако стана јасно дека нема шанси да си оди од Барселона ова лето.

„Многу пати кажав дека Меси кој е во форма е премногу важен фудбалер. Тој го покажа тоа изминативе години и се надеваме дека ќе го покаже тоа и оваа сезона затоа што сериозно сметаме на него“ –изјави Куман.