Куман спреми „бомба“, стигнува одличен француски играч за врска!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопственикот на Евертон Фарад Мошири се отвори во последниот ден од преодниот рок.

Според наводите на Скај Спортс, екипата од Гудисон до крајот на денот може да реализира многу важен трансфер.

Имено, на адреса на Њукасл е испратена понуда од 30 милиони фунти, а “мета“ е кој друг туку Муса Сисоко.

Одличниот играч за врска е на излезните врати од кај „Страчките“ од испаѓањето во понизок ранг, не сака во втората по квалитет лига во Англија и за него имаше многу заинтересирани страни.

Често се доведуваше во врска со Реал Мадрид, се споменуваше и Кристал Палас, но на крајот Сисоко сепак остана на Сент Џејмс Парк.

Тоа сака да го промени Роналд Куман, кој наложи на управата да во последниот ден од преодниот рок на располагање да му го стават францускиот репрезентативец.

Со него „Каралемите“ дефинитивно ќе бидат трн во око на секој противник.

Евертон понуда од 30 милиони евра ја испрати на адреса на Њукасл, но се спремни да ја исплатат во пет месечни рати.

Ќе видиме дали Бенитез ќе се откаѓже од незадоволниот фудбалер за сосема убава пара или ќе се обидат да извлечат повеќе пари до полноќ.