Кунде: Можев да потпишам за Челси, но ја избрав Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона го претстави Жил Кунде, кој доаѓа од Севиља, а дефанзивецот кажа дека имал понуда и од Челси, но сепак се решил да потпише за каталонскиот гигант.

Кунде потврди дека Челси бил блиску до неговиот потпис, но сепак разговорот со тренерот Чави Ернандез го убедил да потпише за Барселона.

„Можев да потпишам за Челси, но ја избрав Барселона поради амбициозниот проект. По разговорот со Челси ја почуствував неговата страст и колку сака да бидам дел од неговиот тим“, кажа Кунде.

Французинот во разговор со медиумите откри дека Чави од него побарал да биде агресивен и да ја изнесува топката од одбраната.