Куртоа: Гладни сме за да го освоиме Суперкупот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тибо Куртоа зборуваше на прес-конференцијата пред последниот тренинг на Реал Мадрид пред мечот против Атлетик Билбао во финалето на Суперкупот.

Белгиецот кажа дека има многу соиграчи кои играле во финалиња и знаат како треба да се однесуваат за да го освојат трофејот.

„Ние ќе играме против екипа која беше во три финалиња минатата година, но верувам во нашиот квалитет. Сакаме да победиме и не ни треба дополнителна мотивација затоа што знаеме дека играме за трофеј. Минатата година не освоивме ништо и сега сме гладни. Ова е финале и не ни е гајле против кого ќе играме“, кажа Куртоа.

Куртоа е задоволен и од играта во одбрана на неговите колеги од Реал Мадрид.

„Сè уште играме добро во одбрана и не примаме многу голови, се чувствувам удобно на теренот“, кажа голманот.