Куртоа ја знае слабата точка и планира да го расплаче Челси во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид со нови три бода продолжи да чекори кон титулата во шпанската Ла Лига, откако вчера славеше со 2-1 против Селта виго со два гола на Карим Бензема од пенал.

„Кралевите“ имаа три пенали, а Бензема искористи два од нив и се подготви за мечот против Челси во Лигата на шампиони (ЛШ).

Голманот на шпанскиот гигант, Тибо Куртоа ги предупреди неговите колеги пред мечот против поранешниот клуб и кажа дека знае која е слабата точка.

„Страдавме против Селта, но секогаш ни е тешко против нив. Не сум сигурен дека заслуживме да победиме, меѓутоа освоивме големи бодови. Челси загуби на домашен терен и сега ќе сакаат да се поправат. На моменти, ни недостига интезитет во играта, а Челси е врвен по тоа, па таму треба да ги пресечеме“, вели Куртоа.