Куртоа ќе „избрка“ еден од голманите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тибо Куртоа е првиот избор на тренерот Карло Анчелоти на голот на Реал Мадрид, а тоа е проблем за младиот и талентиран Андриј Лунин, кој настапи само еднаш минатата сезона.

Овој 22-годишен голман не може да пронајде место на голот покрај белгискиот репрезентативец, па поради тоа не е среќен и сака да си замине од екипата.

Со заминувањето на Кејлор Навас во ПСЖ беше јасно дека стартното место е резервирано за Куртоа, но мораше Белгиецот да добие конкуренција, која сега не брани и затоа не добива повик во репрезентацијата на Украина.

„Кралевите“ платија 8,5 милиони евра за Лунин во 2018 година и тие планираат да го продадат во јануари затоа што не е задоволен, но тоа е проблем ако се повреди Куртоа затоа што ќе нема замена.