Куртоа: Му помогнав на Реал Мадрид да освои две титули, а на изборот сум седми во свет!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа не беше среќен со изборот во организација на „Франс Фудбал“ и заврши дури на седмата позиција во битката за „Златната топка“.

Белгискиот чувар на мрежата воопшто не беше среќен поради тоа, па даде изјава за медиумите.

„Реал Мадрид освои титули во Лига на шампиони и Ла Лига најмногу поради моите одбрани, но јас завршив на седмото место во изборот за најдобар играч. Не знам што може голман да направи повеќе од тоа што јас го направив. Сепак, постои награда за најдобар голман и горд сум што ја освоив“, вели Куртоа.

Куртоа минатата сезона играше во одличен ритам, а оваа сезона е надвор од терените поради повреда.