Кутињо донесе одлука која нема никого да израдува во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо нема намера да ја напушти Барселона во јануари, иако со месеци се шпекулира за негово заминување од каталонскиот гигант.

Кутињо сака да се наметне кај новиот тренер на тимот, Чави Ернандез и смета дека промената на стратег на екипата пристигнала во најдобар можен момент.

Бразилецот има договор со Барселона до 2023 година, а во гигантот пристигна на почетокот на 2018 година од Ливерпул, додека во 2019/20 играше на позајмица во Баерн Минхен.

Њукасл беше заинтересиран за Кутињо, откако газда на тимот стана Инвестициски фонд од Саудиска Арабија, па така клубот стана еден од најбогатите во свет.