Квартараро ќе остане во Јамаха


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро стави потпис на нов договор со Јамаха до крајот на 2026 година.

Јапонскиот тим соопшти дека е продолжена соработката со Квартараро, кој ќе се обиде да се врати на врвот.

„Јамаха ми докажа дека има нов пристап и поагресивен начин на размислување. Уверен сум дека заедно ќе се вратиме на врвот“, кажа Квартараро.

Французинот имаше понуди и од други тимови, но ќе остане во екипата со која ја освои титулата во 2021 година.