Лацио ќе остане без четири бода во Серија А?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лацио би можел да остане без четири бодови поради кршење на протоколот за ковид-19.

Тимот од Рим го прекршил протоколот во ноември, кога дел од фудбалерите само четири дена по решението за изолација настапиле за нивниот тим.

Дисциплинската комисија на Серија А го истражува случајот за прекршениот протокол, па така Лацио би можел да стане првиот тим кој ќе биде казнет поради таков потег.

Серија А сезонава воведе ригорозни мерки и се следи секој потег на клубовите и играчите.