Лакт во лицето на Леброн за кој се зборува низ Америка (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во третиот натпревар од финалето на Западната конференција, Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс (114:106) и со тоа намали на 2:1.

Нагетси имаа резултатска предност во поголемиот дел од натпреварот и на крајот заслужено славеа, а мечот го обележа, меѓу другото, и „дуелот“ меѓу Џамал Мареј и Леброн Џејмс.

Имено, во четвртата четвртина, Мареј со лакт го удри Леброн, што доведе до неспортски прекршок и иако за овој детал се зборува во американските медиуми, Џејмс се обиде да ги смири страстите.

“Не ме интересираат неспортски прекршоци. Не сакав Мареј да излезе од игра. Ја обожавам конкуренцијата. И, мислам дека не го стори тоа намерно”, рече Џејмс.

На крај, да додадеме дека Џејмс го заврши мечот со 30 поени, 11 асистенции и 10 скока, додека Мареј постигна 28 поени, 12 асистенции и осум скока.