Лампард го отпиша: Батшуаи пак заминува од Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Миши Батшуаи го напушти Челси и кариерата повторно ќе ја продолжи во редовите на Кристал Палас.

Овој 26-годишен напаѓач одамна не е во конкуренција на „Стемфорд бриџ“, а беше и на неколку позајмици, по што следната сезона ќе игра во Кристал Палас.

Батшуаи ги минал медицинските прегледи, а денеска ќе потпише договор до крајот на годината, по што Кристал Палас ќе може да го откупи на крајот на сезоната.

Белгиецот минатата сезона беше на позајмица во Кристал палас, каде што постигна шест гола на 13 меча, а настапуваше уште и за Валенсија, Борусија Дортмунд, додека во Челси одигра 77 меча и постигна само 25 гола.