Лампард го потврди и најновото засилување на Челси: Веќе е на медицински прегледи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Челси, Френк Лампард го потврди најновото засилување на клубот кое пристигнува ова лето.

Челси и дефинитивно ќе го ангажира 28 годишниот голман Едуард Менди за кого на Рен ќе му даде 22 милиони фунти.

„Менди веќе е на медицински прегледи па наскоро тој ќе стане наш играч.  Со неговото доаѓање ќе се создаде поголема конкуренција и реакцијата на Кепа за тоа треба да биде позитивна. Менди доаѓа за да се обиде да игра во првиот тим и ние го знаеме тоа“ –изјави Лампард.