Лампард искористил трик на Мурињо за да го купи Вернер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси купи големи засилувања за следната сезона, откако ги договори Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, а тука не мислат да застанат.

За потписот на Вернер беа платено 55 милиони евра, а неговата одлука да се пресели на „Стемфорд бриџ“ беше изненадување за многумина, посебно зашто Германецот отворено зборуваше дека би сакал да соработува со Јирген КЛоп.

На крајот се покажа како важен разговорот со Лампард, односно трикот кој го искористил младиот тренер.

Лампард очигледно не сака да биде само добар тренер, туку и психолог, а трикот на Мурињо е од далечната 2004 година, кога Португалецот го прашал дали сака да го направи врвен фудбалер, по што Англичанецот одговорил потврдно.