Лампард подготвува понуда за играч од одбраната за кого се интересира и Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Лампард ќе стори се неговиот Челси да го обезбеди потписот на младиот одбранбен фудбалер на Лајпциг, Дајот Упамекано.

Според „Мирор“, Упамекано ќе биде трансфер цел број еден на клубот од Лондон кој ќе претрпи целосен ремонт во летниот преоден рок.

Упамекано речиси сигурно ќе си замине од Лајпциг затоа што интересот за него од другите клубови е огромен. Освен Челси за младиот стоперсе интересираат и Арсенал, Манчестер Јунајтед и Барселона.