Лампард проговори дали ќе го ангажираат Кавани за да му помогнат на младите напаѓачи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Френк Лампард беше запрашан дали клубот ќе тргне по услугите на Единсон Кавани кој побарал да биде продаден од ПСЖ.

На прашањето Лампард даде дипломатски одговор истакнувајќи дека во моментов има многу искусни напаѓачи на трансфер пазарот на кои може да  смета.

„Кавани е одличен фудбалер. Не сум запознаен со неговата ситуација и не сум сигурен како ќе се одвива сето тоа. Тој има искуство, но постојат и други играчи кои имаат искуство“ –изјави Лампард.