Лапорта ги зема работите во свои раце и одржа состанок со Умтити, но останал без зборови!

Барселона веќе два месеци се обидува да се ослободи од Самуел Умтити, но тоа не им успева. Роналд Куман минатата сезона го отпиша Французинот и беше јасно дека ќе треба дефанзивецот да си бара друг клуб.

Каталонскиот клуб на почетокот на јули му понуди на Умтити прекин на договорот и можност како слободен играч да пронајде нов тим.

Умтити има договор на уште две години и клубот сака да го продаде за да го ослободи буџетот за плати, но Французинот не е заинтересиран за тоа.

Шпанските медиуми објавија дека Умтити имал состанок со Жоан Лапорта и јасно му порачал дека не сака да ја напушти Барселона.

Умтити одбил неколку понуди и така јасно порачал дека сака да остане во клубот, а потоа одбил можност за прекин на договорот.