Лапорта најави четири засилувања, а веќе со две се договорил!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е сериозен во намерата да создаде моќен тим кој ќе се бори за титулата во шпанската Ла Лига.

Барселона се поврзува со многу ѕвезди и јасно е дека тимот на крајот на сезоната ќе доживее одредени промени во составот.

„Ќе потпишеме со најмалку четири фудбалери за да го засилиме секој дел од теренот. Франк Кеси веќе потпиша, доека со Андреас Кристенсен имаме усен договор“, вели Лапорта.

Кеси и Кристенсен доаѓаат како слободни фудбалери од Милан и Челси, а засега не се откриваат имињата на другите две засилувања. Исто така, Лапорта индиректно демантираше дека ќе потпишат со Ерлинг Халанд.